Собраниската комисија за култура, денеска ќе расправа за природното и културното наследство на Охрид.
На 14 седница на Собраниската Комисија за култура, денеска треба да продолжи надзорната расправа на тема „Закон за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион и сродната регулатива во контекст на Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на природното и културно наследство“.Пред комисијата, денеска ќе дадат исказ повеќе претставници од државните органи, институции, јавни претпријатија, научни институции и граѓански организации.
Инаку, надзорната расправа почна на 22 мај годинава со цел да се обезбедат релевантни информации одговори од надлежните институции како се одвиваат активностите за заштита на Охрид и Охридското Езеро.
