На охридскиот аеродром Свети Апостол Павле, утре пристигнува првата група туристи од Холандија.
Со првиот чартер лет ќе дојдат 160 холандски туристи. Според најавите предвидени се пет летови неделно од Амстердам. После две години пандемија и затворање, оваа туристичка сезона се очекува пораст на бројот на туристи од Холандија, кои со години традиционално летуваат на брегот на Охридското езеро.