За шест дена исчезнати две лица во земјава

Девојка од Турција и момче од Битола под неразјаснети околности исчезнаа во изминатите шест дена на територијата на земјава.

За девојката, 20-годишната Зинур Дашдемири се знае дека туристички пристигнала во Скопје. Последен пат била видена пред пет дена и од тогаш и се губи секоја трага. Нејзините најблиски ги замолуваат граѓаните доколку знаат нешто за нејзиното исчезнување да ја известат полицијата или турската Амбасада во Скопје. Помош во потрагата за исчезнатиот млад битолчанец Николче Николовски молат неговите роднини, но и неговите пријатели.

До денес за овие двајца исчезнати полицијата нема конкретно сознание како исчезнале. МВР исто така нема ни одговор за детето Петар Џобоски, кое неговиот татко во петокот 25 февруари годинава го пријави за исчезнато во атарот на селото Врбско, општина Прилеп. Потрагата по ова дете траеше со денови. 

МВР трага по 67 исчезнати лица. Целиот текст на Слободен печат. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани