Двајца жители од Косово, се приведени на граничниот премин.
Вчера во 12.05 часот на Граничен премин „Ќафасан“ при пасошка контрола, било констатирано дека шенген визите кои било во патните исправи на Ј.Р.(32) и Г.С.(26), двајцата од Косово, биле фалсификувани. Во 15.30 часот лицата биле предадени на полициски службеници од Полициската станица Струга, а потоа се задржани во СВР Охрид.
