Прличевци се запознаа со фактите за староградската песна

Прличевци од VI и VIII одделение, реализираа интересен проект со уште поинтересни факти и приказни за настанувањето на староградската песна,,Охрид, Охрид убав мил” и тоа преку документарен филм изработен од режисерот Илија Пиперкоски
На гости ни беше токму тој – режисерот кој на сликовит и автентичен начин ни го пренесе настанувањето на песната и низ прекрасен наратив, хронолошки нè запозна со трубадурите, тајфите и чалгаџиите кои го опејуваат тогашниот живот на охриѓани
Преку овој документарен филм и интересен проект се стимулира истражувачкиот дух кај учениците и нивната мотивираност да научат нешто повеќе за музичката традиција во Охрид, посебно за чалгијата и нејзиниот историјат.


Целиот настан беше пакет од подготовка, гледање и активности по гледањето на филмот како и дискусија, впечатоци, заклучоци и секако домашна задача за престојниов викенд, а тоа е да се преслуша и научи 🩵,,Охрид, Охрид… убав мил”, нашата химна на градот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани