Реконструкцијата (бетонирање) на каналите за наводнување во атарот на општина Вевчани останува како еден од главните приоритети.
Обезбедени се финансиски средства и по завршување на изборниот период ќе започнеме со активности за реконструкција на канал за наводнување во м.в. „Бебекој кошари“.
Во меѓувреме привршува реконструкцијата на дел од еден од главните канали за наводнување во урбаниот дел на Вевчани.