Промовиран проектот за медиумска писменост „Гледај, читај и мисли со своја глава“

Промовиран проектот „Гледај, читај, слушај и мисли со своја глава – Едукација за медиумска писменост“,  кој што следните пет месеци на територијата на општините Охрид, Струга, вевчани и Дебрца ,  ќе го спроведуваат Здружението за мултикултурна интеграција „Инклузија“ и регионалната телевизија ТВМ  од Охрид.

Потребата од овој проект ја наложува мноштвото на медиуми и информации, кои за жал неретко се лаги, шпекулации, манипулации и спинови.

-„Целта на овој проект е да го натераме граѓанинот критички да размислува. Во мноштвото информации и медиуми да умее да ја избере вистинската . Да проверува,, да анализира и да ги избере вистинските извори на информации. Да умее да препознава лажни вести. За таа цел ќе имаме обука на млади средношколци во ТВМ телевизија, кои своето знење ќе го пренесуваат“, истакна  новинарката Соња Рилковска  ментор на проектот.

Од Здружението за мултикултурна интеграција „Инклузија“ од Охрид како носители на проектот  , велат токму бројните лаги и шпекулации во интернет медиумите и социјалните рмежи, биле главниот мотив да се изработи еден ваков проект.

-„Во свет во кој медиумите се сеприсутни, во кој информациите и медиумските содржини не преплавуваат преку телевизијата, печатот, радиото, интернет порталите, социјалните мрежи итн, граѓанинот се претвора во сунгер за впивање медиумски производи. Тој не само што не успева да се снајде во хаосот од информации, да препознае која е вистинита, објективна, целосна а која е манипулативна, туку не е свесен и за сопствената моќ дека може, градејќи  критички сопствен став за настаните и случувањата и изразувајќи го истиот, да биде проактивен во општествените процеси. Граѓаните во голем број немаат вештини за пристап и активно (и креативно) користење на медиумите, посебно интернетот и другите дигитални комуникациски технологии“, вели Вахид Мемед претседател на „Инклузија“ и координатор на проектот.

За состојбите во медиумите зборуваше претседателот на Регионалната канцеларија на ЗНМ Горан Момироски. Според него загрижувачка е состојбата. Таканаречени медиуми, кои не само што шират лажни вести, туку шират и говор на омраза, кој понатаму се пренесува на социјалните мрежи и внесува тотална конфузија кај консументите на вести.

 -„Читтелите неретко се збунети, а често наседнуваат на тоа што им се сервира. Медиумите во изворната форма и професионализмот во нив се поразени. Медиумската заедница, но и заедницата воопшто денес во Македонија се исправени пред сериозен предизвик. Да го заштитат својот интегритет и професија  и за изнајдат начин како да се справат со лажните вести. Тој процес е двосмерен. Без граѓаните кои се корисници на информациите кои ги произведуваме тоа е невозможно. Како да го направиме тоа? Секако со почитување на професионалните и етички стандарди, институционална борба и функционален систем на заштита“, потенцираше Момироски.

Проектот  „Гледај, читај, слушај и мисли со своја глава – Едукација за медиумска писменост“е дел од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“  од Метаморфозис и Евротинк поддржан од Европската унија.

 

 

 

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани