Ноќеска,полицајците одзедоа рибарски мрежи помеѓу Лагадин и Елешец.
На 14/15.12.2018 година при вршење на патролна дејност во водите на Охридското Езеро, од страна на полициски службеници во 00,10 часот спроти плажата “Лагадин” и спроти плажата „Елешец“ на околу 300 метри од брегот на езерото, пронајдени се рибарски мрежи. Се работи на расчистување на случајот.
