На 15 декември оваа година, во 03 часот и .20 минути, на улицата „Илинденска“ во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со карање и викање од страна на А.Ф.(25) од Охрид.
Тој, најнапред упатил жестоки вербални навреди и закани кон Н.Л. од Охрид по што и физички го нападнал.
-„Истиот е приведен во полициската станица каде е извршено алкотестирање и констатирани се 2,6 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, СВР Охрид против А.Ф. ќе поднесе соодветна пријава“, информира портпаролот на охридската полиција Стефан Димоски.
