Жална вест: Почина градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски

Жална вест за Охрид. Претпладнево на 48 годишна возраст , ненадејно почина градоначалникот на Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски.

Како што дознаваме пред околу еден час Стојаноски имал тежок инфаркт.  

Стојаноски е роден во Охрид, на 7ми август 1970 година.

Мандатот на градоначалникот на Општина Охрид, Проф. д-р Јован Стојаноски започна на 20.10.2017 година, после победата во првиот круг на Локалните избори 2017 година.

Тој  ќе остане запаметен по  неговиот ведар лик, секогаш  позитивен, отворен и транспарентен градоначалник, со кој се гордееше градот и охриѓани.

Пред да стапи на финкцијата градоначалник Стојаноски беше професор со долгогодишна ценета кариера, со високо реноме и дигнитет на ФТУ Охрид. Почитуван од колегите и студентите. 

Зад себе остави сопруга и две полнолетни деца. 

Охриднет изразува искрено сочуство до семејството за огромната загуба! 

Почивај во мир почитуван градоначалник! 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани