Протест на „Млади за Македонија“ во Охрид

Вчера, невладината „Млади за Македонија“ организираа уште еден протест во Охрид.

На синоешниот протест, младите од организацијата упатија и повторија низа пораки за зачувување на името на државата и суверенитетот, а притоа го повторија ставот за „геноцидот кој се врши врз македонскиот народ“.
„Ќе застанеме на браникот на државата и нема да дозволиме промена на името“, порачаа организаторите, застанувајќи и во одбрана на Македонците кои живеат во Грција, за кои велат дека се оштетени и немаат никакви права да говорат отворено за своето потекло.Според организаторите на протестот, разнебитувањето на Македонија започнало од моментот на објавувањето на албанската платформа.
Протестот се случуваше на денот на одбележувањето на 1000 годишнината од постоењето на Охидската артиепископија, во знак на поддршка на афтокефалноста на Македонската Православна Црква и против мешањето на други цркви кои се против постоењето на МПЦ, потенцираа организаторите.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани