Протест со автомобили вечерва во Струга

Струшкото ВМРО ДПМНЕ денеска на протест.

 

-Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Струга ве повикува на голем сенароден и надпартиски протест за доброто на Македонија.
Да се сплотиме и обединиме сите заедно против распродажбата на националните интереси и историјата на Македонија, против негаторите на македонскиот јазик и идентитет.
Со идентитетот, нема пазарење!
Сега, за да не биде доцна!
Протестот ќе се одржи со автомобили на 30.11.2020 година (понеделник), со почеток во 18:00 часот од збирното место: Мислешевски пат, кај Јарболот со македонското знаме.
На протестот ќе присуствува и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, господинот Ѓорѓија Сајкоски.
Ве замолуваме, поради пандемијата од COVID 19, да се почитуваат мерките за претпазливост, повикуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ Струга. 

Social profiles