Територијалната против пожарна единица од Охрид, од денес на располагање има и спасувачки систем за стабилизирање и подигнување при елементарни непогоди и комплексни сообраќајни незгоди и сет за спасување со поплави.
Опремата е донација од Дирекцијата за заштита и спасување. Верувам и убеден сум дека ова ќе ја зголеми ефикасноста противпожарната единица. Сметам дека во иднина треба многу повеќе да вложуваме за да имаме максимално спремни противпожарни единици, кои ќе можат да реагираат во истиот момент кога ќе е потребно.
Како Општина Охрид во изминатиот период почнавме да вложуваме во пожарната посебно во оспособување на возила кои не функционирале претходно, а секако дека и во наредната година ќе го зголемиме тој дел од помошта за ТППЕ и зголемување на капацитетите и сите оние работи кои се потребни за нормално функционирање, информира градоначалникот Пецаков.