ВИДЕО: Започна со работа градскиот базен „Атина Бојаџи“

Градскиот базен „Атина Бојаџи“ бласна со полн сјај. Од денес стартува со работа. 

Санирани и исфарбани се коритата на олимпискиот и детскиот базен. Уредени се и трибините кои беа во распаѓање. 

Можно е да е слика од 10 луѓе, луѓе што стојат и базен


Најважно е што ќе стартуваат со работа пливачките школи за млади.

-,Пливањето е еден од најдобрите спортови за развој на нашите деца. Охрид порано бил расадник на млади и успешни пливачи“, вели Теодор Андоноски директор на ЈП „Билјанини извори“.

За прв пат после 20 години Охрид ќе биде домаќин на Државно првенство во пливање, на кое покровител е општина Охрид.

 

-„Особено сум среќен што од денес на базенот ќе се слуша детскиот џагор. Најмногу радува стартот на ливачките школи. До овој момент ријавени се околу 300 деца. Како локална самоуправа успеавме за многу кратко време да ги санираме двата базени и да ги реконструираме трибините. Следната година најавуваме дополнителни инвестиции во уредувањето на просторот околу базенот“, рече градоначалникот Кирил Пецаков.

„Од 15 до 18 јули ќе се организира првенство со што ќе настапат најдобрите пливачи од Македонија, за сите генерации. На тоа првенство ќе можат да остваруваат резултатите кои во иднина ќе може да ги користат за добивање на стипендии и тајминзи за настапи на европски и светски првенства“, додава Андоноски.

Во јули отворениот базен „Атина Бојаџи“ ќе биде домаќин и на Мегународен митинг на кој ќе настапат пливачи од Србија, Бугарија и Македонија, во организација на Пливачкиот клуб „Аква спирит“.

Реконструкцијата на базенот е инвестиција на општина Охрид и ЈП „Билјанини извори“, следната година ќе има дополнителни инвесиции во уредувањето на просторот околу базенот.

ВИДЕО: 

 

Social profiles