Бигорски се подготвува за манастирската слава

Бигорскиот манастир се подготвува за славата на Иванден. 

 

Ве известуваме дека на денот кога го славиме сечесниот празник на Рождеството на нашиот патрон и небесен застапник, светиот и славен Пророк, Претеча и Крстител Господов Јован.

Во среда, на 6 јули, во Свештената Бигорска Обител ќе се отслужи сеноќно бдение, коешто ќе започне во 20:30 часот, а на кое молитвено ќе претстои Неговото Преосвештенство, Епископот Аморејски г. Никифор, Игумен на Свештената Ставропигијална Патријаршиска Обител на Владатадите во град Солун;

Во четврток наутро, на 7 јули, во 08:45 часот ќе биде пречекан нашиот почитуван надлежен владика, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски, г. Тимотеј.

Пред почетокот на Светата архиерејска Литургија, во 09:00 часот, од раката на нашиот Митрополит г. Тимотеј, на нашата голема радост и чест за Бигорската Обител, петмина наши собраќа ќе бидат потстрижани во светиот рамноангелски монашки чин. Ова е за прв пат во нашата понова историја одеднаш да бидат замонашени петмина браќа.

За време на Божествената Литургија, пак, еден од новозамонашените браќа ќе биде ракоположен во свештеноѓаконски чин.

Славното Бигорско светилиште, кое низ вековите било гордост на нашите предци и столб на нивната православна вера и култура, особено за жителите на овие краишта, и денес со истата ревност продолжува да сведочи за евангелската Вистина и да ги јакне верата и здравите вредности меѓу народот. Затоа да ја покажеме и ние должната почит кон Светиот Јован Крстител и нашата пожртвувана љубов кон неговото вековно Светилиште, стекнувајќи го на тој начин благословот на светиот Претеча. Ја имаме големата чест и радост, во името на Христовиот Пророк и Крстител, да ги поканиме сите благочестиви Христијани да се присоединат кон неговото големо торжество, бидејќи тој, во денот на своето Рождество е особено благодатно присутен и преку својата славна и чудотворна Бигорска икона и чесните мошти што се пазат во неговиот храм ги слуша и исполнува молитвите на оние коишто со љубов и вера го повикуваат; тоа е денот кога „најголемиот меѓу родените од жена“ ја излева својата од Бога добиена благодат врз сите коишто ревносно го чествуваат неговиот спомен. И кога секој човек неизмерно се радува кога ќе биде посетен од своите драги пријатели на денот на својата свеченост, тогаш колку ли, пак, повеќе Светиите Божји ги милуваат оние кои ги чествуваат! Молитвите на Свети Јован Пророк, Претеча и Крстител, да бидат со сите нас, стои во соопштението на Бигорскиот манастир. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани