Прстигнаа првите вакцини преку ковакс системот

Пристигнаа првите 24.000 дози вакцина „АстраЗенека“ од вкупно 100.000 кои што треба да стигнат идниот месец од ковакс-системот.

 

Вакцинирањето  почнува в среда, во здравствените домови ширум државата.

„Првите 20.000 граѓани кои ќе бидат имунизирани со оваа пратка вакцини, се хронично болните и лица над 75-годишна возраст, како ризична група. Вакцинацијата ќе се врши во здравствените домови. Во текот на април се очекува да стигнат преостанатите 76 илјади ‘АстраЗенека’ од ковакс“, кажа Филипче по истоварањето на првата пратка “АстраЗенека“.

Во април се очекуваат и вакцините од Кина, а имунизацијата ќе се врши во спортската сала „Борис Трајковски“.

„Имаме најава дека ќе дојдат и други вакцини до крајот на овој месец. Овие вакцини од ковакс доаѓаат со недели задоцнување, но имајќи предвид дека сите земји се соочени со овој предизвик, добро е што системот покажа дека функционира. И, добро е што имаме сигнали дека ќе продолжи да функционира на овој начин и ќе имаме информација кога ќе пристигнат вакцините и да продолжи овој континуитет“, изјави Филипче.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани