Откако Владата вчера го усвои предлог Законот за употреба на јазиците, премиерот Зоран Заев и заменик претседателот на Владата задолжен за спроведување на Рамковниот договор Хазби Лика денеска во Охрид, кажаа дека со овој закон се затвориле сите отворени прашања.
Законот е во согласност со Уставот , а ќе им овозможи полесно функционирање на граѓаните со институциите. Прв службен јазик е македонскиот, а втор јазикот на заедниците, единствен јазик за меѓународна употреба е македонскиот јазик, подвлече Заев. Тој ги повика сите политички партии на законот да гледаат со позтивиен потстрек, бидејки според него тоа ќе придонесе за поквалитетен живот во мултиетничка Македонија.
– Со законот ќе се прошири употребата на службениот јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните што значи согласно ова ја проширува употребата на јазиците во иснтитуциите и ќе овозможи на граѓаните да комуницираат со државните институции на својот мајчин јазик, истакна Зоран Заев премиер на Р Македонија.
-Владата докажа дека е подготвена Македонија да ја води напред. Со овој закон докажавме дека оваа власт има сила да ги води сите процеси за унапредување на државата , вели Хазби Лика вицепремиер.
За двојазични симболи на парите и униформите ќе одлучува Венецијанската комисија.
-Ова законско решение како што напоменав е целосно согасно челнот пет од Уставот на РМ. Не оди андвор од границите но пртетставува и затворањ на легислативен рпоцес на употребата на јазиците. Знаете дека остануваат девет отворени прашања кои ги испраќаме до Венецијанска комисија двојазиноста на парите и униформите во одбраната, рече Заев. Законот ќе важи на целата територија на Р Македонија.
-Двојазични банкноти нема, двојазични униформи во добараната нема освена ако Венецијанската комисија потврди дека тоа е согласно уставот ние немаме предрасуди со ваквите работи сето ова претставува унапредување на квалитетот на животот на граѓаните тоа што уставот го дозволува е вградено внатре, вели Заев.
Одговарајќи на новинарско прашање Заев кажа дека утре очекува да бидат распишани локалните избори, кои ќе се одржат на 15 Октомври.
Новинар Соња Рилковска
Канал 5 ТВ