Прва самостојна изложба на младиот струшки уметник Михаил Клечкароски
Во холот на Националната установа Центар за култура „Браќа Миладиновци“ Струга, беше отворена прва самостојна ликовна изложба на младиот уметник Михаил Клечкароски кој имаше изложено 21 уметничка слика изработени масло на платно во голем формат, под наслов „Копнеж“.

Михаил е самоук, слободен уметник, роден и израснат во Струга., каде што завршува основно и средно образование, но неговиопт патоказ низ животот го носи во Америка, Чикаго, каде тој го довршува своето средно образование и се запишува на повисоко ликовно образование.
Токму тој период му носи најголема инспирација за почеток со сликање. Неговиод вовед кон уметнмоста најпрво извира од тој копнеж што тогашѓ се раѓа по своето родно мест. Копнеж по местата кои доживотно остануваат во срцата на сите тие што ги изживеал своите години на раст опкружени со топлина и љубов. Чуството на припадност и незаменливата слобода.

Изложбата за отворена е прогласи Марина Чакар, која во своето обраќање пред големобројнара публика, љубители на уметноста, покрај другото рече: Вечерва не сме тука само да ги погледниме сликте, туку да ги почуствуваме. Секое дело носи своја тивка приказна- за она што ни недостига, за она што сме го изгубиле, но и за она кон себа по нешто изгубено уште чекориме.
Копнежот е чуство што сите го носиме во себе-желба по нешто изгубено, недпстижно или се уште неоткриено. Тој е мост меѓу минатото и иднината, меѓу сонот и реалноста.

Понекогаш боли, понекогаш инспирира, но секогаш не поттикнува да сонуваме, да создаваме и да погледнеме подлабоко во себе и во светот околу нас. Преку овие дела повикуваме да ги почуствувате различните лица на копнежот – копнежот за љубов, слобода, мир, спомени, надеж или нов почеток.Секоја слика носи своја приказна, а секој посетител ќе пронајде во неа свое личнпо значење. Нека ова изложба биде простор каде што секој ќе открие дел од сопствениот копнеж – спомен што гре, надеж што охрабрува, љубов што трае или сон што допрва чека да биде остварен. Ви благодарам што сте дел од оваа вечер. Ви посакувам инспиративно доживување и да ја доживеете уметнмоста не само со очите, туку и со срцето, рече Марина.
Текст и фото: Стојан Кукунешоски
