Први март Баба Марта – мартинка на рака

Според древните обичаи на 1 март се става мартинка на рака и таа се чува се до денот на пролетта.

Симбол на древно – македонскиот празник Ксантика е мартинката, црвено-белата нишка – симбол на среќата, радоста и љубовта.

Mартинките се прават на тој начин, што се усукуваат две нишки од црвен и бел конец или волнена преѓа и така усукани се ставаат, најчесто околу раката. Кога се носи мартинката, таа не треба да се гледа, односно не треба да ја види сонце – ,,за да не те изгоре сонцето преку лето”.
Генерално, таа секогаш е со конци од црвена и бела боја испреплетени или исплетени, од кои црвената ја симболизира боја на крвта, а белата на чистотата. Се подарува на 1-ви Март во чест на Баба Марта и се носи околу рака или закачена на облеката се додека расцвета првото дрво. Потоа се закачува на него со желби за сопственото и за добро здравје на своите блиски во тековната година. 

Мартинка е висулец од засукани конци кои се ставаат на 1 март за здравје, tоа се амајлии да Ве штитат од лошо. Мартинката се изработува од волнено или памучно предиво во 2 основни бои — бела и црвена. Овој празник уште се нарекува и празник на “Баба Марта”.Мартинките се дел од културниот идентитет на македонскиот народ, но и дел и од традицијата на неколку други народи од Балканот, што е заедничка нишка што го поврзува овој дел од Европа. Овој обичај за правење и носење мартинки се јавува во неколку форми, во зависност од државата каде се практикува. Во Романија и Молдавија, мартинката се нарекува mărţişor, но таму мартинки носаат само жените, додека во Македонија и Бугарија ги носат сите. Македонците ја почитувале и негувале традицијата за носење и правење мартинки. Во класичниот изглед мартинката претставува засукан бел и црвен конец, најчестo волнен. Боите имаат строго определена смисла: црвено – крв, живот; бело – чистота, среќа. Традицијата е на првиот ден од март најстарата жена во семејството да врзува на рацете на децата засукан бел и црвен конец за здравје и против уроци. Затоа со мартинката се кити котлето, во кое се дои првото млеко на Ѓурѓовден; со мартинка се заврзвуваат билките од Иванден.Мартинките, во некои земји се носаат до појавата на првото процветано дрво или на првиот виден штрк,а во Македонија и до здогледување на првата ластовица.

Црквата е против овие пагански обичаи. 

– За жал, со месецот март доаѓа и една стара паганска традиција – носење мартинки. Навидум, ова е еден забавен и невин обичај, но неговата позадина е сосем различна. Луѓето што ги носат веруваат дека мартинките, откако ќе ги стават на себе на први март, не смеат да ги извадат сѐ до доаѓањето на пролетта и ластовичките (или штрковите) и сѐ додека да расцути првото дрво. Потоа, според истото погрешно верување, мора да ги закачат на некое дрво и да си пожелат добро здравје и среќа, со некаква вера дека желбите ќе им се исполнат. Вадењето на ‘мартинката’, пред време, се смета за несреќа и затоа луѓето ја чуваат со страв. Таквото верување нема никаква врска со православната вера, туку е обично суеверие. Ние христијаните си носиме на рака или во рака бројаничка, украсена со крстче, која ни служи за молитва, стои во ставот на црквата. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани