Психоактивна дрога пронајде струшката полиција

Полицијата поднесе кривична пријава против тетовец.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против С.М.(32) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 01.08.2019 на улицата .„Партизанска“ во Струга, полициски службеници извршиле преглед на паркирано патничко возило, кое го управувал пријавениот, при што пронашле и одзеле таблети метилен-диоксиметамфетамин-MDMA и марихуана, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид..

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани