Сообраќаецот настрадал откако бил завлечкан со кола која ја контролирал.
Инцидентот се случил синоќа во 23 часот, на регионалниот пат Струга-Дебар, во близина на струшкото село Враништа. Тогаш полициски службеници запреле патничко моторно возило марка „Голф“, управувано од М.М.(32) од струшкото село Радолишта. По издадена наредба да излезе, М.М. го стартувал возилото и избегал, при што повлекол еден полициски службеник
-Во тој момент, од друг полициски службеник биле испукани два предупредувачки проектили во воздух, но М.М. не застанал. По преземени мерки, возилото „Голф“ е пронајдено во селото Радолишта. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
