Работниците работат во нехумани услови, зголемен бројот на несреќи при работа

Загрижувачки податоци од последната студија на Македонското здружение за заштита при работа.

Македонскиот работник работи во небезбедни, нечовечни и нездрави услови. Најркитично е во текстилниот сектор, каде дури 80% од вработените имаат здравствени проблеми, заболувања стекнати при работа.
Не е подобра состојбата ниту во преработувачката индустрија, градежништвото и земјоделието.

-„Од неодамнешна студија која ја правевме за текстилниот сектор , каде опфативме една четвртина од работниците увидовме дека малтене 80% од работничките и работниците во текстилната индустрија имаат одредени здравствени дијагнози. Сето тоа говори дека сме болни на работните места“, изјави претседателот на МЗЗПР Милан Петковски.

Постојано се нарушуваат минимално договорените услови за работа а тоа се плаќа со крв. Во 2021 година се случиле 165 несреќи при работа во земјава, но според податоците на Институтот за Јавно здравје на годишно ниво има околу 1500 потешко повредени.

– „Секоја недела губиме по еден работник на работното место. И во статистиката која ја имаме во изминатите десетина години дека имаме армија од 400 луѓе загинати на работните места. Некој треба да се засрами за тоа, некој треба да преземе одговорност“, додава Петковски.

Во земјава има тренд на зголемување на бројот на несреќи на работното место, како и оние кои се со смртен исход. Само лани се случиле 30 тешки повреди со фатални последици. Стапката на смртни случаи при работа во 2021г., изнесува 3,77 односно на секои 100.000 вработени, речиси 4 вработени гинат на работното место .

Новинар Соња Рилковска

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани