Работникот е тешко повреден, пренесен е во болница.
Вчера во 11.00 часот во СВР Охрид, Џ.Д.(54) од Охрид, вработен во ЕВН „Кец“ Охрид, пријавил дека во населбата Рача, Б.М.(44) од Охрид, при изведување работни активности, паднал од електричен столб.
Според портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, работникот е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ Охрид, за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди а извршен е увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.
