Финишира изборната кампања.
Утре на полноќ започнува изборниот молк. Во понеделник ќе гласаат болните од коронавирус и оние во самоизолација. Вторник е определен како ден кога ќе гласаат болните и немоќните. Среда на 15 јули во 7часот утрината ќе бидат отворени сите гласачки места, а истите ќе се затворат во 21 часот. На овие избори учествуваат 4 коалиции и 11 партии , а граѓаните допрва ќе одлучат кој ќе ја предводи државата во наредните 4 години. Ќе се гласа на 3.390 гласачки места а 900 набљудувачи од граѓанската иницијатива МОСТ ќе ги следат предвремените парламентари избори. Процесот ќе биде и под бурното око на мисијата ОБСЕ/ ОДИХР според кои, легитимитетот на изборите не треба да се довдеде во прашање.
