Работник починал пред охридски хотел

Починатиот бил 45 годишен скопјанец.

Вчера во 12,00 часот во СВР Охрид било приајвено дека пред хотел во населба Коњско, Охрид бил пронајден починат З.М.(45) од Скопје кој работел на реновирање на објектот.
Од лекар од итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид..

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани