Со ваква реакција се јави ОК ВМРО ДПМНЕ.
Еве го нивното соопштение во целост: „Денес сме 22.02.2020година,Градоначалникот Ногачески и Директорката на ОУ Дебрца ги оставија вработените без Јануарската плата. Го прашуваме градоначалникот дали ваков живот ветуваше за сите жители на општина Дебрца, дали ваков третман заслужија просветните работници кои ја чекаат својата плата која им е од егзистенционално значење за живот, некои од нив имаат кредити за кои можат да се соочат со секакви несакани последици преземени од банките.Го прашуваме градоначалникот дали знае што му се случува во училиштето или и самиот тој е инволвиран во самата ситуација.Градоначалниче исплатетеја платата бидејќи законскиот рок до 15 ти во месецот“.
