Православните христијани денеска ја одбележуваат Задушница.
Задушница е ден во сеќавање на најблиските починати и секогаш во сабота. Секогаш се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. Според обичаите, на овој ден се посетуваат гробиштата каде со молитва, пченица и осветено лепче и црвено вино, се изразува помен за покојните. На Задушница верниците даваат милостина на сиромашните и се молат за душите. Се верува дека е голем грев ако на Задушница некој одбие да земе храна или пак избрка туѓинец. Оваа Задушница секогаш се одбележува во сабота и е точно една недела пред Прочка. Прочка секогаш се паѓа во недела.
