Жителка на струшко село останала без својот златен накит.
Нејасно е со каква измама се послужила 32 годишната радовишанка и на 27 годишна стружанка и го одзела целото злато од дома. Сепак, измамничката била фатена и била „наградена“ со полициска пријава. Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „измама“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Л.Џ.(36) од Радовиш.
– Таа, на 28.07.2020 година успеала да убеди 27-годишна жена од струшко село да ѝ го донесе златото што го има во домот, кое ќе ѝ го вратела наредниот ден. Откако добила повеќе златни предмети, пријавената избегала, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 80.000 денари, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.