Расте бројот на пациенти со хипертензија, голем интерес за бесплатните прегледи

Расте бројот на пациенти кои заболуваат од хипертензија, а се намалува и старосната граница. Високиот крвен притисок е причина број еден за голем број смртни исходи, кардиолошки заболувања и мозочни удари. Токму затоа лекарите засилено работат на превенција и подигнување на свеста кај населението.  Со бесплатни прегледи на два пунктови Специјализираната болница за кардиологија Охрид го одбележа Светскиот ден на хипертензија.

-„Според светските статистички податоци хипертензијата се препишува како причина за 7,6 милиони смртни случаи во светот и како причина за 47 % од пациентите со коронарни болести и 54% на пациентите со мозочен удар. Заради тоа превенцијата е итекако битна да се испрати порака колку еважен здравиот живот, здравата исхрана стоп за цигарите и мерењето на крвниот притисок“, вели д-р Елена Ковачевска Башуровска.

Стотици пациенти направија бесплатен преглед, голем дел од нив за прв пат открија висок крвен притисок.

-„Малку е повисок него нормалниот но фала што има вакви моменти за да се добележи овој ден за мерење на притисок за да може да се конторлира“, вели пациент со хипертензија.

-„Крвниот притисок и хиперлипидемијата се два ризик фактори кои се скриени од очите но се многу битни за да превенираме кардиоваскуларен настан или мозочен удар“. , вели Јасмина Хаџиева Стефановска од Крка фарма.

Нашата земја е во црвената зона при светските мерење за мозочен удар и стапка на смртност од кардиоваскуларни заболувања. Лекарите препорачуваат здрав живот и физичка активност.

 

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани