Бројот на загинати во вчерашниот страотен земјотрес во Албанија се искачи на 24, повредени се 650 граѓани, а 45 се спасени, јавуваат албанските медиуми.
Силните потреси, од кој насилниот беше со јачина од 6,4 степени според Рихтер, урнаа голем број станбени згради и еден хотел во Драч каде се регистрирани и првите жртви, двајца браќа од Косово. Меѓу жртвите е и еден млад човек кој штотуку излегол од затвор, откако судот го прогласил за невин, како и еден полицаец на должност.
Друго лице е пронајдено мртво откако скокнало од балконот на станот панично бегајќи од потресот.
Спасувачите во меѓувреме успеале да спасат 17-годишен тинејџер, под урнатините на неговиот дом во Драч. Тој побарал помош преку својот мобилен телефон, пренесува Фокус.
Албанската влада денеска прогласи вонредна состојба во областите на Драч и Тирана, реони кои се најпогодени од разорниот земјотрес што ја погоди земјата во вторникот .
