„Разбој во времето“ ќе се промовира во Охрид

На 26 месецов, ќе се промовира новото дело на писателот Мирко Томовски.

„Разбој во времето“ е новото дело на охридскиот писател и публицист Мирко Томовски. Промоцијата на неговото најново авторско остварување ќе биде на 26 овој месец во охридската библиотека „Григор Прличев“ со почеток во 18 часот. Охридскиот писател Мирко Томовски е плоден  автор кој во 2015 година ја прими наградата – признание писател на годината од Фондацијата „Такец“ од Битола.Томовски е познат на широката охридска и македонска публика, тој е автор на повеќе романи, книги за деца, новели. Томовски долго време работи на прашањето за македонската нација и македонскиот идентитет. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани