Мета на разбојникот било казино во Струга.
Рано утрово околу 01.30 часот, засега непознат сторител се обидел да изврши разбојништво во казино на улицата „Нико Нестор“ во Струга.
–Тој насилно влегол во казиното и откако не успеал да одземе пари од касата, избегал. ОВР Струга презема мерки за идентификација на сторителот, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
