Жители на Лагадин со реакција за издадено одобрение за градба за објект.
Реакцијата ја пренесуваме во целост:
Во време кога постојано се зборува за нужноста за рушење на дивоградбите на охридското крајбрежје, Општина Охрид допрва издаде одобрение за градење со кршење на низа законски одредби. И спротивно на законската обврска да ги спроведува и применува критериумите и мерките содржани во Планот за управување со светското природно и културно наследство, што претставува уште една закана од губење на статусот на УНЕСКО, а во овој случај и закана по човечки животи.
Со издаденото одобрение за градење на 22.06.2020г. на инвеститорот му се дозволува да ја сруши неговата половина од објектот бр.27 во средишниот дел на населбата Лагадин и на тоа место да изгради нов. Тоа, со оглед на конструкцијата и квалитетот на градбата на постојниот објект, неминовно ќе предизвика губење на стабилноста на другата половина која е моја сопственост – факт кој е потврден и со доставеното до Општината СТРУЧНО МИСЛЕЊЕ изработено од градежниот факултет во Скопје. Ова претставува не само кршење на моите законски сопственички права туку и закана по животите на луѓето од моето семејство.
Да биде случајот уште поскандалозен, во целата постапка за издавање на одобрението, со цел да се направи простор за толкување со кое би се образложувало заобиколувањето на законската обврска за спроведување и применување мерките и критериумите содржани во Планот кој е донесен на 21.01.2020г. врз основа на Законот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион, се употребува и се манипулира со АНТИДАТИРАН документ што, се разбира, претставува кривично дело.
П.С.
Во атачмент ви ја доставувам мојата последна Жалба поднесена на 07.09.2020 до Секторот за урбанизам во Охрид во која се изнесени и образложени сите наводи во ова Соопштение, како и кршењето на други законски одредби, а ви ги испраќам фотографиите на антидатираниот документ и неговата достава до мене, како и фотографија на објектот бр.27 во Лагадин.
Руменка Миовска Кузманоска
Во време кога постојано се зборува за нужноста за рушење на дивоградбите на охридското крајбрежје, Општина Охрид допрва издаде одобрение за градење со кршење на низа законски одредби. И спротивно на законската обврска да ги спроведува и применува критериумите и мерките содржани во Планот за управување со светското природно и културно наследство, што претставува уште една закана од губење на статусот на УНЕСКО, а во овој случај и закана по човечки животи.
Со издаденото одобрение за градење на 22.06.2020г. на инвеститорот му се дозволува да ја сруши неговата половина од објектот бр.27 во средишниот дел на населбата Лагадин и на тоа место да изгради нов. Тоа, со оглед на конструкцијата и квалитетот на градбата на постојниот објект, неминовно ќе предизвика губење на стабилноста на другата половина која е моја сопственост – факт кој е потврден и со доставеното до ОпштинатаСТРУЧНО МИСЛЕЊЕ изработено од градежниот факултет во Скопје. Ова претставува не само кршење на моите законски сопственички права туку и закана по животите на луѓето од моето семејство.