Здружението Чекоштина Урбан организира средба со граѓаните

Здружението Чекоштина Урбан организира средба со граѓаните.

 

Апелираме до сопствениците на и корисниците на недвижен имот во Чекоштина да присуствуваат на средбата и да пристапат кон здружението. До сега се зачленети преку триесет граѓани, но тоа сепак не е доволно за да можеме успешно да си ги штитиме зедничките интереси и да ја градиме иднината на овој убав дел од Охрид. Природните услови нудат мошне квалитетен развој најразлични содржини на урбано живеење во комбинација со мало производство, туризам и рекреација. Човечкиот фактор ќе биде пресуден за остварување на таквите визии. Масовноста е главен аргумент пред државните органи и само така ќе можеме да го добиеме целото нивно внимание, кое го заслужуваме. Затоа повикуваме на здружување на сите заинтересирани.
На средбата се поканети и сите други кои му посакуваат добро на овој простор и на Охрид, воопшто, информираат од Здружението. 

Средбата ќе се одржи пред хотел Сончева порта, на 12. 9. 2020 г. (сабота) во 17 часот.
Тема на средбата ќе биде извештај за досегашните активности на здружението и консултации за понатамошни задачи.

Social profiles