Сите термини во хотелите во охридско-струшкиот регион се веќе резервирани за свадбени веселби до крајот на септември.
Протоколите кои ги донесе Комисијата, според Хотам се спроведливи, единствена забелешка е ограничениот број на гости.
Македонците и дијаспората имаат традиција да прават свадби со над 300 гости.
– „Самите гости кои треба да прават свадби организаторите им недостига што не може да ги повикаат сите гости нивни роднини и пријатели.0137 Се недеваме дека понатаму и ова прашање ке биде разгледано нека почнат засега свадбите и нека се види дека тие не се извор на зараза“, вели Крсте Блажески.
Има недотиг на капацитети и термини бидејќи протоколот дозволува организирање на свадби само во отворениот дел од рестораните и хотелите.
-„Свадбите ќе почнат, сега за прво време нема да се фатиме на оро да заиграме, но ќе дојде и тоа набрзо се надеваме. Бројките гледаме се во пад и се надеваме нема да има нови бранови барем во летната сезона“, вели Крсте Блажески.
Во Струга лани се склучиле 405 нови бракови. Македонската дијаспора закажаните термини за свадби од лани ги одложи за годинава. Во охридско струшкиот регион ова лето се очекува да се организираат околу 600 свадбени веселби.
Новинар Соња Рилковска
