Струга ќе ги депотира питачите од други градови

Струга ќе го решава проблемот со големиот број питачи во градот.

Пред летната сезона градоначалникот најавува депортирање на сите просјаци од другите градови. Анализите на полицијата и Центарот за социјални работи покажале дека најголемиот број од ранливите граѓани се од Централна и Источна Македонија.

Најчесто на улица се сретнуваат деца, родители, но и постари граѓани од ромска националност, кои просат пари од минувачите.

-„Сите доаѓаат организирано од други градови. Мажите се организираат и собираат старо железо, а мајките и децата ги пуштаат во градот да питаат“, вели Рамиз Мерко градоначалник на Струга.

Полицијата и вработените во Центарот за социјални работи ќе ги собираат питачите од струшките улици, а потоа ќе ги депортираат во родните градови.

„Одредивме простории каде ќе ги задржиме 24 часа.  Ќе обезбедиме услови по закон и ќе ги депортираме и ќе работиме секојдневно да се намали бројот на питачи во Струга“., додава Мерко.

Од граѓанските здруженија велат во Струга со години има организирано просење. Во март годинава полицијата реализира повеќе акции низ струшките улици, а беа поднесени десетина прекршочни пријави. Казни заработија и пет станоиздавачи од Струга,кои нелегално сместувале питачи.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани