СДСМ 46, ВМРО 44 пратеници

Според пресметка на ДИК и првични неофицијални резултати, коалицијата на СДСМ освоила 46 пратенички мандати, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, Алијанса за Албанците и Алтернатива 12, Левица два и ДПА еден.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев доцна синоќа прогласи победа на парламентарните избори, кажа дека народот избрал иднина и напредок. 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера не се обрати на јавност. Прес-конференција одржа генералниот секретар на партијата Игор Јанушев кој кажа дека резултатите биле тесни и ќе почекаат да се пребројат гласовите на сите избирачки места пред да кажат колку пратеници освоиле.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани