Жители на Велешта нападнале полицаец.
На 15.07.2020 година околу 11 часот, во дворот на училиштето „Зини Хани“ во струшкото село Велешта, В.Ќ (31) и А.Ќ.(28) двајцата од истото село, го нарушиле јавниот ред и мир. Тие, упатиле навредливи зборови а потоа и физички нападнале полициски службеник кој извршувал службени дејствија во врска со предвремените парламентарни избори. По целосно документирање на настанот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.