Вечерва повторно крадци ,, оперираат ” низ охридското кале. Вознемирени граѓани алармираа до Охриднет.
-„Крадецот по втор пат вечерва влезе во нашиот дом. Облечен во маица на риги во бои, со фармерки, темна коса, висок и слаб човек повторно се обиде да не ограби. Пројавивме во полиција. Бараме помош од сите совесни граѓани кои ќе го видат ова лице, веднаш да пријават во полиција“, повикуваат загрижените граѓани.