Се контролираат автобусите, еден кичевски со неисправни кочници

СВР Охрид, вчера контролирала 111 автобуси.

На 20.03.2019 година, на целото подрачје на СВР Охрид, беа извршени зајакнати акциски контроли во сообраќајот посебно насочени кон возила кои вршат јавен превоз на патници
-Притоа, полициските службеници контролираа вкупно 111 моторни возила (Охрид-25, Струга-13, Кичево-60 и Дебар-13) од кои, на дополнителен преглед во станиците за технички преглед упатени се вкупно 46 возила кои вршат јавен превоз на патници (Охрид-12, Кичево-24 и Дебар-10). Таму, констаирани биле вкупно 8 неисправности (Охрид-6 и Кичево-2 од кои, еден неисправен уред за запирање). При акциските контроли, од сообраќај исклучени се 8 возила со кои се вршел јавен превоз на патници (Охрид-6, Кичево-2), информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид. Додава дека по овие, но и по други одредби од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, полициските службеници издале вкупно 16 прекршочни платни налози (Охрид-6, Струга-8, Кичево-2). 
Акцискате контроли беа спроведена со цел подигнување на степенот на безбедност во сообраќајот и доследно почитување на одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, нагласи портпаролот Димоски.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани