Се одбележа 75 годишнината од смртта на Кузман Јосифоски-Питу

На 25 февруари 2019 година ОО на СБМ од Струга,пред голем број граѓани ја одбележаа 75 годишнината од смртта на Кузман Јосифоски-Питу.

Делегацијата предводена од претседателот на ОО на СБМ – Струга Ајредин Мемеди и секретарот Никола Попоски,положија цвеќе на бистата на Питу,која гордо стои поставена пред куќата на Владо Малески и спомен плочата во тесното сокаче на улицата Браќа Миладиновци,на која е запишано:„Во оваа куќа на 23 септември 1941 година,во присуство на членовите на покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија,народниот херој Кузман Јосифовски – Питу се одржа конститивевен состанок на Месниот комитет на КПЈ за Струга и Струшко“.


Пред присутните за животниот пат и слободарското дело на Кузман Јосифовски Питу,од страна на претседателот беше прочитен реферат.Во рефератот меѓу другото беше истакнато дека Питу имал голема верба во Струга и стружани,но и љубов за Струга.На неколку пати тој доаѓал во Струга,во строга илегалност и притоа им издавал задачи на МК на КПМ и СКОЈ.
Струга треба да е горда што низ нејзините сокаци минувал таков херој каков што бил Питу.Затоа градот треба вечно да се сеќава на него и да го слави неговиот лик.Затоа,како што Питу рекол:Борбата почна токму во Струга предводена од Димитар и Константин Миладинови.
Со смртта на Кузман Јосифовски – – Питу македонското револуционерно движење го изгуби еден од своите најистакнати револуционери,бестрашен борец и комунист раководител визионер трибун…
На денот,што за неговиот народ и неговата земја стана најсветол ден:Илинден,национален празник,посмртно и тој го доби најсветлото признание за својата исклучителна богата револуциоинерна дејност:на предлог на Маршалот Тито,Претседателството на АВНОЈ,меѓу првите во Македонија,Кузман Јосифовски Питу го пргласи за народен херој на Југославија.
Беше тоа 2 август 1945 година.Само нешто повеќе од една година,од неговата прерана смрт кога,во тоа рано дваесетипетто февруарско утро четириесет и четвртата,на железничката линија во Козле,падна пронижан од злосторничкиот куршум.Смртта на Кузман значеше голема не надокнадива загуба за македонското револуционерно движење,на самиот праг на слободата,го изгуби еден од своите најистакнати револуционери,бестрашен борец и раководител,визионер,народен трибун човек целосно оддаден на македонското дело.
Роден е во Прилеп,на 15 јуни 1915 година.По завршувањето на гимназијата во Битола,студира на Правниот факултет во Белград каде е во раководството на напредната студенска младина.Учествува во организирањето на македонското студенско друштво „Вардар“,во кое пресудно влијание имаат студенските комунисти.
По окупацијата од новото партиско раководство на Македонија е испратен во нејзиниот западен дел за да го организира Народното ослободително движење.На овј терен успесите на Кузман се огромни.
Животот на Кузман Јосифовски – Питу згасна на 29 годишна возраст,на прагот од слободата,но неговото револуционерно дело остана да живее.Денес кога се одбележува седумдесетипетгодишнината од неговото убиство можеме само уште еднаш да повториме дека од тоа светло дело се воспитуваат многу генерации.
Текст и фото:СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани