Се санира урбаната опрема во Струга

Се санира урбаната опрема во Струга. Комуналнот претпријатие  ги санира оштетените клупи во парковите. 

 

– Работниците од секторот јавна чистота и јавно градско зеленило при ЈП Комунално Струга денес започнаа со санација на урбаната опрема во паркот кај „Машка плажа“.
Се изврши санација на клупите за седење како и оштетните канти за ситен отпад.
Бидејќи, урбаната опрема во град Струга е постојана цел на несовесни граѓани ЈП Комунално-Струга апелира до граѓаните за поголема свест и почит кон урбаната опрема со цел да се избегнат дополнителни трошоци, но и во пресрет на летната сезона кога се очекуваат илјадици гости од земјата и од регионот потребно е да оставиме впечаток на добри домаќини.
Исто така ЈП Комунално потсетува дека за несовесно однесување и уништување на урбаната опрема следуваат казни предвидени со законот, информира директорот на Комуналното претпријатие Струга  Икмет Ислами. 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани