Согласно оперативните мерки кои ги презема Општина Охрид за превенција од ширењеѕи на Корона вирусот Ковид-19, во текот на вчерашниот ден се изврши дезинфекцијата на основните училишта „Григор Прличев“, „Братство Единство“ и „Методи Патче“.
До крајот на оваа седмица ќе се изврши дезинфекција и на преостанатите основни и средни училишта на подрачјето на општината.