Полицајци и инспектори контролираат, објектите затворени.
Во текот на попладневните часови (16.03.2020) полициски службеници на Секторите за внатрешни работи во Охрид и Куманово во соработка со Државниот пазарен инспекторат спроведоа акциски контроли за почитување на одлуката на Владата која се однесува на работењето на угостителските објекти, казината и обложувалниците.
–Полициски службеници од СВР Охрид на територија на општина Струга спроведоа контроли во вкупно 23 угостителски објекти, 5 казина и 4 спортски обложувалници и на територија на општина Кичево спроведоа контроли на 60 угостителски објекти, 8 казина и 12 обложувалници. Кај ниту еден од контролираните објекти не е констатирано отстапување при спроведување на одлуката на Владата, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Полициските службеници од СВР Куманово, на територија на општина Куманово спроведоа контроли во 40 угостителски објекти. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат одлуките и препораките донесени од страна на Владата, а сите отстапки поврзани со оваа и останатите одлуки на Владата, а кои повлекуваат кривична одговорност да ги пријавуваат на телефонскиот број 192.