На вечерашнава прес конференција министерот Венко Филипче соопшти дека има пет нови заразени со коронавирус.
Министерот Филипче изјави дека се потврдени 5 нови позитивни случаи на коронавирус и двајца дијагностицирани во друга лабораторија кои треба дополнително утре да се потврдат во лабораторија во Институтот за јавно здравје.
Се работи за едно лице од Скопје кое пристигнало со авион од Виена, а другите четири лица се од Дебар.
Тој додаде дека има уште две лица имаат дијагностицирано коронавирус во друга лабораторија, а дополнително треба да се потврдат во лабораторијата на Институтот за јавно здравје.
„Таа се вратила од Холандија помеѓу 12 и 13 март, развила симптоми еден ден претходно и денеска се јавила на преглед на Инфективната клиника во Скопје. Таа била во домашна самоизолација, најдени се членовите на фамилијата, како и возачот на такси-возилото со кое дошла од аеродромот, а се бараат и 31 лице кои се вратиле со неа од Виена“, рече Филипче.
