15 февруари е Меѓународен ден за борба против ракот и леукемијата кај децата.
Погубителни статистичките податоци, секое 500-то дете во светот заболува од рак пред 15-та година.
Успешноста во лекувањето кај земјите од Западна Европа изнесува 75 проценти. Во Македонија бројот на нови случаи на деца заболени од рак годишно е меѓу 30 и 40, а процентот на излекуваност е меѓу 55 и 60 проценти.
.jpg)
Главниот проблем со кој се соочуваат родителите на деца болни од рак е моментот на соопштување на дијагнозата.
Ракот кај децата се разликува од ракот кај возрасните на неколку начини. Најважната разлика е во тоа што кај децата генерално ракот има подобра прогноза отколку кај возрасните. Две третини од децата на кои им е дијагностициран рак се излекуваат од болеста. Сепак и покрај огромниот напредок во лекувањето на ракот кај децата од 1960-ите, тој е втората најчеста причина за смрт кај децата постари од една година, со тоа што несреќите се причината број еден.
Друга разлика меѓу ракот кај децата и оној кај возрасните е во однос на клетките од кои ракот потекнува. Многу видови на рак кај возрасните започнуваат во одредени органи, како што се белите дробови, градите или дебелото црево. Ракот кај децата, освен леукемиите и туморите на мозокот, често се јавуваат во сврзните ткива, како што се коските и мускулите.
Ракот кај децата е често поагресивен отколку оној кај возрасните. Тој расте побрзо и често метастазира во други делови на телото или во поголемите органи до моментот додека биде дијагностициран. Токму затоа малку е веројатно дека дете заболено од рак може да се излечи само со хирургија. Сепак, ракот кој се јавува кај децата има тенденција повеќе да реагира на хемотерапија и зрачење отколку оној кај возрасните.
.
.jpg)
