Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска вчера учествуваше на маалска средба со граѓаните во Струга.
Шекеринска придружувана од претседателката на ОО на СДСМ Струга Соња Стојкоска, членот на ИО на СДСМ Ѓоко Танаскоски, координаторот на пратеничката група на СДСМ и пратеник Јован Митрески и други членови на СДСМ учествуваше на маалска средба со граѓаните во Струга.
Таа истакна дека овој тип на маалски средби стануваат редовна пракса на СДСМ постојано да биде со граѓаните и да се слушнат нивните потреби и барања, без да станува збор за кампања, без да се повикуваат граѓаните на избори и гласање.
-Во годината кога беше најавено членството во НАТО, порача Шекеринска, ја направивме година на рекордни странски дирекни инвестиции од 625 милиони евра што воедно е четирикратно зголемување споредено со претходната година, се отворија 50 илјади нови работни места, но и работни места со повисока минимална и просечна плата, а со цел во периодот кој следува таа да достигне 30 илјади денари. А растот на платите значи и раст на пензиите.
Особено важна е новата мерка на Владата предводена од СДСМ, за субвенционирање на придонесите од задолжителното социјално осигурување за претпријатијата што ќе ја зголемат платата до 6.000 денари, што е поттик бизнис секторот да исплати, а граѓаните добијат повисока плата.
Работите тргнаа од нула, тргна економијата која два квартала по ред расте над 3 отсто, се придвижија и работите кон ЕУ и НАТО и она кое што граѓаните го очекуваат е правда односно да одговараат оние кои направиле криминали и тоа мора да се случи бидејќи нема и не смее да има компромис за правдата-истакна Шекеринска.
СДСМ како одговорна и државотворна партија продолжува да работи во интерес на државата и граѓаните, се наведува во партиското соопштение.