Министерот за здравство вели нема да има отстапки, остануваат на ставот невакцинирани деца да не ги примаат во училиште и градинка.
По неофицијалните информации дека во некои училишта не ја почитуваат одлуката и примаат деца без примени вакцини, Филипче најави дека неделава ќе заседава Комисијата за заразни болести и не е исклучена можноста да има нови препораки.
Министерот најави дека ќе бидат засилени и контролите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и ќе има казни за тие што не ја почитуваат одлуката. Во меѓувреме, и покрај почетокот на учебната година нема зголемување на бројот на заболени од морбили.
Минатата недела биле регистрирани 5 случаи, сите деца кои не биле вакцинирани.