Shhh… Гола сум!Изложба на фотографии на Марина Трајковска Види ТИШИНА. Слушни ТЕЛО. Купи СЛИКА…..
Сите посетители на Охрид, на 15 август (вторник) во Objectif bar од 20 часот ќе имаат можност да ја видат несекојдневната изложба на фотографии со наслов „ Shhh… Гола сум!“ на Марина Трајковска. Изложбата ќе биде од отворен карактер а гостите ќе ги забавува Dj Nasty Deluxe кој зад себе има интернационална кариера. За Трајковска која се занимава со филм и фотографија повеќе од пет години, ова ќе биде прва самостојна изложба. Таа е апсолвент на Факултетот за драмски уметности во Скопје, отсек театарска и филмска драматургија. „Женското тело како голо тело многу пати е и злоупотребувано;”продавано” за ситни пари. Овие слики зборуваат за она што се молчи, зборуваат за несовршеноста на совршената креација, за онаа невидлива енергија која е материјализирана во едно тело. Голото тело не е порнографија, тоа е најчистата форма, ова е најсуптилно заведување.“, вели Трајковска за инспирацијата за претстојната изложба. Марина Трајковска е редовен учесник и на меѓународни филмски фестивали. Меѓу другите ангажмани, таа неколку години ги потпишува и бекстејџ видеата на Моден викенд Скопје.