„Шкода“ се запалила во движење

За среќа, патниците навреме излегле од колата.

Синоќа во 20.30 часот, во полициската канцеларија Велешта пријавен е пожар во патничко возило на локалниот пат пред струшкото село Лабуништа.
Од извршениот увид констатирано е дека пожарот настанал во патничко возило „Шкода“ со струшки регистарски ознаки кое било во движење а управувано од Н.Ј.(27) од селото Лабуништа. Пожарот е изгаснат од Територијалната против пожарна единица Струга, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид..

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани